Pouki vo duh i vistina by Tihomir Stojanovski - HTML preview

PLEASE NOTE: This is an HTML preview only and some elements such as links or page numbers may be incorrect.
Download the book in PDF, ePub, Kindle for a complete version.

Кога се соединуваш со Него, се препушташ во

Него, ти преминуваш од тело во Дух, од грев во

милост, од нељубов во љубов. Од сатанското, телесно во духовното, љубовно и вечно.

Препушти се во Него. Премини од смрт во

живот. Во Исус. Од тело во Дух. Во Отецот наш

95

небесен врати се. Засекогаш љубов...засекогаш

Исус. Насекаде Исус.

Молитвата е повик за помош. Почетна

категорија, повик кон Исус да дојде и да живее

во твоето срце. Како да се молиш некому кого

не го познаваш? Викаш ревносно кон Исус да

дојде во тебе и да го запознаеш! Затоа не се

молат, не го познаваат, не веруваат дека Исус

дошол и пострадал за нас, за да ни даде сила и

светлина во оваа долина на сенка смртна!

Исусе Сине Давидов, смилувај ми се!

Исусе помогни ми! Повик на давеник кон

Исуса! Молитвен повик за помош!

Потоа се покајуваш за да бидеш

исцелен. Се покајуваш: за себе, за предците, за

твојот народ, земјата. Потоа Исус се населува

во Дух во твоето срце, но само ако се оставиш

себе си на крстот, да умреш стариот и да се

родиш одозогора. Потоа примаш сила за да им

простиш на сите, никого да не осудиш и да ја

прифатиш Божјата, Исусовата волја. Потоа

96

постојано мислиш на Исус, се молиш, раснеш

во духовниот човек и стануваш: раб, слуга, сотрудник, сонаследник, пријател и сетне Син

Божји. Стануваш молитвен војник на Исуса

Христа, си му ја предал власта во твојот живот

и примаш власт од Него:

„да газиш на змии и скорпии и ништо

нема да ти напакости“

И лав и змеј убиваш во Негово име и

планината со збор во вера ја поместуваш во

морето.

Потоа молитвата е живо слово, меч на

Духот, оружје против паднатиот и неговите. И

молитвата

е:

жива,

борбена,

силна,

исцелителна, воскреснува од смрт во живот, го

менува созданието, а и има духовна сила

Исусова. Така работиш за Него и го бараш

Царството Божјо и сѐ ќе ти се придодаде...

Која е Мојата мајка, кои се Моите браќа, вели Исус. Му кажуваат дека тие стојат надвор

пред вратата! Не се внатре. Сакаат да влезат, 97

чекаат, сакаат, дејства кои не се сторени. Со

кого си? Кој си? Пишано е дека кој се

соединува со блудница, еден дух е со неа! Култ

кон мајка која наводно родила некого? Го

родила Исус? Пишано е:

„Он нѐ роди по своја волја преку

словото на вистината.“ Јаков 1:18

Отецот на небесата. За тоа кој е негов

родител и го родил не зборува. Исус. Само за

мајка и браќа. Има телесен род и духовен.

Телесни и духовни роднини, привремени и

вечни. Пишано е дека:

„сѐ стана преку Него и без Него ништо

не стана, што постана.“ Јован 1:3

Во Отецот беше животот. Он нѐ роди со

вдахнат Дух. На земјата сме во тело и имаме

телесни роднини, кои се минливи и смртни.

Ние зборуваме за духово родение во Отецот, од

горе, во нашата вистинска духовна природа.

Пишано е дека:

„кој не се грижи за своите, полош е од

неверник“ 1 Тимотеј 5:8

9 8

Исусе напомош. Тие стојат пред вратата

и сакаат да дојдат кај Него. Своите кои не го

познаа и го распнаа. Твоите кои не сакаат да се

родат во Дух и си тераат по телото. Кои се

моите браќа? Која е мојата мајка? Ни вели

Исус!

„Единородниот Син, кој е во пазувите на

Отецот“ Јован 1:18

Кој е во крилото на Отецот. Зошто тогаш

се пресликува Богородица како го држи во

крилото бебето Исус? Во кого престојува

Отецот? Има иста таква камена стела во Дион, светиот град на Македонците, датирана 200

години пред Исус да се овоплоти, како

Богородица го држи Исус? Пресликување на

култ кон женските „божества“ од македонската

антика,

народна

култура,

внесена

во

католицизмот и православието?! Нели Он нѐ

роди по своја волја, преку словото на

вистината за да бидеме првина на неговите

созданија?! Роден во Дух. Жив Син на небесен

Отец. И телесни роднини на земјата кои се

99

минливи и смртни. Родени сме преку словото

на вистината, пишано е. Преку Исуса. Негови

созданија сме.

Исус, роден во Дух, спуштен во тело, не е

роден од друго тело?! Жена? Пишано е дека:

„духот е тој што оживотворува, телото ништо

не помага“ Јован 6:63

Која е мојата мајка, кои се моите браќа?

Стојат надвор и не влегуваат. Та дали сакаат да

влезат? Дали сакаат? Исус им одговара дека:

„кој ја исполнува волјата на мојот Отец, тој ми е брат, сестра и мајка.“

Зборува за духовни родини, не за

телесни и смртни. За вистинското духовно

семејство. За царството небесно кое е внатре во

нас... Амин... Насекаде Исус.

„Заради Тебе секогаш нѐ убиваат, нѐ

водат како овци на клање!“ Римјаните 9:36 Тие

мислат дека кога нѐ убиваат му служат на

Бога? Јован 16:2 А како нѐ убиваат, физички и

со својата нељубов.

1

00

„Кој не го љуби братот свој е

човекоубиец.“ 1Јован 3:15

Љубов во Исуса и нељубов во светот со

сатаната. Секој кој љуби е роден од Бога. И го

познава Бога. 1Јован 4:7

И ете го Савле, неговото име значи

просветлен. Знае еврејска и старо-македонска

филозофија, ги гони христијаните, мисли дека

му служи на Бога?! Он мисли, со сатански, непроменет, телесен ум. Затоа е оној стих, секоја мисла да му е покорна на Бога и да го

задржиш Исуса во мислите свои. Затоа Исус не

зборува од себе, туку од Оној што го пратил.

Духот на Отецот зборува и низ Павле и низ

сите Синови Божји. Павле као именување

значи мал, роден од Него, бебе, новороден.

Савле гледа, држи стража кога го каменуваат

Стефана, писмознанците. Во секого од нас има

по еден Савле. Ете го на патот за Дамаск, паѓа

од коњот, ослепува и Исус му се обраќа:

„Савле, Савле, зошто Ме гониш? Јас

сум Оној кого го прогонуваш!“

1 01

Се рита против бодило! Паѓа од коњот, ослепува. Дознава дека бил духовно слеп. Си

ги прибира коњите во умот. Ананија полага

раце на Него и прогледува.

„Ананија!“. „Тука сум Исусе!“ „Појди

кај Савле, ама Господе знаеш ли ти кој е

Савле?“ А Исус му одговара: „не знам

Ананија...“

Познат е стихот, ние знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме...“ Но, сѐ

уште не се покажа што можеме да бидеме“

1Јован 3:2 На пример дали од Савле се станува

Павле?! И се преминува од смрт во живот, ако

ги љубиш браќата свои. 1Јован 3:14 И јас

претходно

како

член

на

народна

традиционална македонска религија, осудував, нељубев и пребивав во смртта. Вистина ви

велам, тие мислат дека кога ве гонат му служат

на Бога! Со телесен-сатански ум. Од Савле кон

Павле. Од телесност кон духовност, од себе кон

Исус. Павле вели не живеам јас, туку Исус

живее во мене! Оживување во Исус.

1

02

Возобновен ум. Исусе, дојди во Македонија и

помогни ни! Повика Павле по сонот на

Македонецот. А сакаше да оди во: Африка, Азија, Витонија, но го послуша и слушаше

Духот. Му веруваше на Духот на Вистината. Ти

што мислиш е Савле, а кога Исус мисли во тебе

е Павле.

Кој го спознал умот Господов, освен

оној кој му дозволува власт и водство во себе

на Духот Утешител. Павле, мал, недостоен да

се нарече Апостол, а благодатта не ја остава

празна, оти вели дека повеќе се потрудил...и

гледа напред во Исуса и трча по нераспадлив

венец...

и

го

шири

евангелието

кај

Македонците. Премин од Савле во Павле. Од

смрт во живот. Од телесен во Исусов ум. Од

сатанско во Исусово суштествување.

„Савле зошто ме гониш?“ Му вели

Исус. „Мислев дека така ти служам Господе?“

И така го избраа Бараба, оние кои мислат со

својата(сатанска) глава, не со Исусовата и го

1

03

распнаа Исуса Христа?! Нели Исус е глава на

духовната црква.

Исусе напомош! Паѓам од коњот, ослепувам и го чекам Ананија. Исусе

напомош! За да прогледам во Исуса Христа.

Засекогаш Исус. Повели и ти брате и

пријателе... во секого Исус.

„Не живеам јас, туку Исус живее во

мене!“ Така запишал во Духот Апостолот

Павле. Слава ти Исусе! Ако Исус навистина

живее во мене ги има клучевите од моето срце.

Тогаш Неговата сила е во мене, и Неговата

љубов и тогаш сме едно – заедно и имам власт

над сето зло и нечистите духови, демоните, во

името Исусово. И Тој што е во мене е поголем, посилен од оној што е надвор од мене. Тогаш

Исус и Отецот се едно. И јас сум во Исус и со

Отецот сме заедно. И Царството Божјо е

внатре во мене. И не се плашам од ништо. И го

гонам сатаната со живо-слово, меч на Духот, со

двоостар меч и газам на змии и скорпии и

1

04

ништо нема да ми напакости. И го победувам

светот со вера Исусова, слава ти Господе Исусе

Христе.

Јас и Отецот сме едно вели Исус. Кој ме

видел Мене, го видел Отецот. И јас сакам да

сум едно со Отецот на љубовта, која никогаш

не престанува. И имам сила и власт, во името

Исусово, лав и змеј да убивам и огнен штит на

љубовта има околу мене за слава Исусова.

Дали чекориш сам или си едно со Исус и

Исус чекори со тебе и те води по тесната

патека што води кон животот. Тогаш со тебе е

Исус каде и да си и имаш сила да се бориш со

живото слово, со мечот на Духот да изрекуваш

живот во името Исусово. И имаш власт да

врзуваш и одврзуваш демони, да исцелуваш

болести, да воскреснуваш умрени, да го

менуваш созданието... Но, само ако си едно со

Исус. Еден Дух во Отецот и Исус. Ако Исус и

Отецот живеат во твоето срце. Ако имаш вера

колку синапово зрно, вера Исусова, и

поместуваш, фрлаш планини во морето.

1

05

Но, како се станува едно со Исус и

Отецот наш небесен? Им ја даваш власта и

сопственоста во твојот живот, сѐ им предаваш

во владение и Исус ти дава власт да газиш на

змии и скорпии и вистина, вистина ви велам, ништо нема да ти напакости. Тогаш Исус

живее во тебе и Царството Божјо е внатре во

тебе и ти си во Дух и вистина, во поклон кон

нашиот Татко небесен, од десната страна во

силата на Семоќниот Создател, нашиот Татко

Отец на љубовта... Насекаде Исус.

Пишано е дека:

„добриот Пастир оди за загубената овца

додека не ја најде!“

Нема временско ограничување. Ни вели

„додека не ја најде“. Загубената овца. Дошла во

стадото, била во молитвената група и пак

заминала?! Некој ѝ пререкол нешто или ја

укорил! Си ѝ ја кажал вистината, што да

поправа во себе. Си го бранел евангелието.

Сатаната ги демне токму тие души, со дух на

1

06

лутина, несогласување, телесни желби и ум, а

и своја волја. Јас мислам вака! Тоа е кога не

прифаќаш Исус да те менува, да ги кастри

твоите гранки кои не даваат род, не заборавај

дека си накалемен на вистинската лоза, не

заборавај... дека треба да одиш со Христа, не

да седиш и да дремеш некаде, не заборавај

дека си повикан на менување од телесен во

духовен, од темнина во Неговата чудесна

светлина. И ете си, не сакаш да се смениш, ти

ја менуваш заедницата! Од православен во

православен, од католик во католик, од

протестант во протестант, учењето вистина ви

велам по канони и доктрини е истото. И ти си

остануваш истиот, каков што си бил, само е

„варосан гробот“1 однадвор, а внатре во срцето

стариот ти. Си ја сакаш својата душа, си го

сакаш своето, а пишано е :

1 Светото писмо нѐ нарекува варосани гробови.

Однадвор верници, а внатре во нас смртта без Духот

Исусов.

1

07

„кој ќе ја зачува својата душа, ќе ја

загуби.“

Душите треба да му ги предадеме на

Исуса во владение, чинејќи добро. Нашето

менување би требало да е раст во Христовата

возраст и полнотија со Духот Утешител. А ние

како мали деца што се расправаат по

пазариштата, црквите.

Велми колку цркви има кога Исус е

глава на црквата и има само една духовна

заедница?! Само таму си умрен ти и Исус

живее во тебе! Во духовната заедница, не во

телесната. И душата си му ја дарувал, вратил

Нему и Духот те води во промената, во растот

од себе си кон Исуса. Најполни се оние

заедници кои не бараат да се смениш. Немаш

обврски, палиш свеќи, носиш маски. Славиш

ден во земниот телесен свет, плаќаш услуги, или пееш на богослужби, цитираш статистика

од стихови, со години не се менуваш, на истото

телесно ниво си, даваш десеток, а вистина ви

велам душата своја не му ја предаваш во

1

08

Исусова сопственост, чинејќи добро, Исто како

Исус.

Ја напушта заедницата, како загубена

овца, заборавајќи дека самите сме храм на

Исусовиот Дух или на себе самите и своето

себељубие. А добриот пастир велми оди по неа.

Додека не ја најде. Нема временско

ограничување.

Додека

не

повикаш:

„благословен е оној кој доаѓа и ме бара во

името Исусово?!“

А ти синко човечки, чиј си? Свој си или

на Исуса Христа? Одредница за живот и смрт.

На здравје нека ви е вистината сотрудници

мои. Засекогаш Исус во живеење, во единство

со Него.

Што и да побарате во Мое име од Отецот

ќе ви се даде. Ни вели Исус во живото слово.

Што и да побараме! Нема ограничување. Ние

знаеме дека нема поголемо име на земјата и

небесата. Нему ќе му се поклони секое колено, на Исус. Во Негово име. Исус вели: 1

09

„Јас и Отецот сме едно“.

Исус е исполнет со Духот на Отецот наш.

Духот ги врши делата, не Исус! Така ни

покажува тоа што значи „во Мое име“, не во

нашето име. Исус да зборува од нас и во нас, а

и да ги врши делата. Каде завршува Отецот и

почнува Исус, а каде завршуваш ти и почнува

Исус во тебе? Дали се молиш и бараш од свое

име или во Исусово? Дали ја исполнуваш

Неговата или својата волја? Дали работиш за

себе или за Царството небесно? Дали зборуваш

од себе или молчиш и Духот зборува низ тебе?

Духот на Исус, Свети Дух, Духот Утешител, Духот на мудроста. Што и да побарате ни вели

Исус! Во Неговото име, не во нашето. Бараме

од Отецот во Неговото име. Негови се: силата, царството и славата. Не се наши. Негова е

волјата. Зборуваме за враќање во духовно

единство со Отецот небесен. Пишано е: „кој

зборува од себе, тој ја бара својата слава“.

Јован 7:18

1 10

Ние треба да ја бараме Неговата слава за

да бидеме пратени и вистинити. „Сотрудници

чии имиња се запишани во Книгата на

животот“ Филипјаните 4:3 И бараме во

Исусово име, не во нашето. Волјата е Негова.

Остануваме во полна радост со сѐ што доаѓа. Се

радуваме во Него. Имаме Негово име, Исус, име над секое име, а секое колено ќе му се

поклони... и имаме наше име: телесно, паднато, грешно, сатанско. Наше и Негово

име. Што и да побарате во Мое име ви вели

Исус. Погрешно е да се вели дека Отецот, Исус

и Духот се три личности?! Кому да се молиш

попрво? Во Исусово име од Отецот. Личност е

категорија на земјата, земно тело и душа во

која е вдахнат Духот на Таткото. И имаш своја

волја во времето на милост, за да го избереш

Исус за да се вратиш во Царството на

Духовите. Таткото наш е Дух и е љубов. Сѐ е од

Него и за Него создадено. Без неговиот Дух сѐ

е мртво. Исус е дел од тој Дух. Видлив дел, разбирлив дел преку словото во Дух, едно се со

1 11

Отецот, една волја, еден Дух, сила и царство.

Духот е дел од Отецот и Исус кој треба да нѐ

исполни во срцето, душата и умот и повторно

по сопствена слободна волја, да се родиме во

Духот, да се крстиме и осветиме со водна бања

во словото, да умре стариот телесен човек и да

ја прифатиме Исусовата волја и љубов и да

станеме Синови Божји, едно духовно тело во

Отецот наш. Во Негово име бараме и добиваме

сѐ, во Исусовото име. И царството Божјо е во

нас внатре во распламтениот Дух на љубовта.

Амин...во секого Исус.

Раширена е реченицата кај повеќето

христови поделени заедници, дека:

„Молитвата е разговор со Бог!“

Но велми, разговараат луѓе кои се

рамноправни. Еднакви. На пример Татко и

син, разговараат. На почетокот треба да

дојдеш кај Него. Да застанеш пред Него. Да

паднеш ничкум пред Него. Да се покаеш пред

Него. Да им простиш на сите, никого да не

1 12

осудиш пред Него. Он е Судијата и учителот. И

пишано е: „Никого не викајте Отец на

земјата!“ Молитвата е да влезеш во својата

скришна соба. Да ја затвориш вратата. Да се

помолиш срце со срце. Да го воспоставиш

заборавениот однос, дете пред Отецот и

Создателот. Почетна позиција на молитвата е

дете пред Татко. Понизност, покорост и

предавање во Негово водство. Послушност

доверба. Он знае уште пред да се помолиме за

што се молиме. Отецот го гледа и знае нашето

срце. Не се потребни многу зборови како

незнабошците кои мислат дека така ќе бидат

слушнати. Тие се молат на Бог. Ние на нашиот

Татко и Создател во името Исусово. Кога Духот

ќе слезе врз вас, или во вас, Мене ќе ме

прослави - пишано е. Штом луѓето, верниците, слават некого друг покрај, или наместо Исус, тие се без дух и се „мртви“. Штом викаат: Господе, Господе, а не Ава Оче, Татко мој

погрешив пред Тебе и пред небото, Духот не

слегол во нивните срца.

1 13

Молитвата е воспоставување заборавен

однос меѓу небесен Татко и син паднат на

земјата кој има малку време. Да го отвориш

срцето и да исфрлиш сѐ од него што те

осквернува: лоши помисли, прељубодејства, блудства,

убиства,

кражби,

лакомства,

лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство...сето тоа зло

излегува од твоето срце. Марко 7:21-23.

Молитвата е да се покаеш и да го примиш Исус

во скришната соба, твоето срце. Он не е

подстанар, туку сопственик, му го даваш

клучот од срцето ти. Тогаш со малку зборови

ќе се разбираш со Духот на љубовта. На

пример, јас велам само Исусе и чекам. Или

велам: Татко мој, и чекам. Он знае за што се

молам уште пред да изустам или помислам

збор. Се разбираме со срцето, помните пишано

во Исаија:

„со срцето да разберат, та да се покајат и

да ги исцелам!“- ни вели Отецот небесен.

Молитвата е вид на разговор кога ќе станеш

1 14

сотрудник, сонаследник, пријател, Син Божји.

Дотогаш е процес на воспоставување на

заборавен, осквернат однос од нељубов кон

Таткото наш...Што си? Кој си? Зошто си на

земјата, кој е Твојот вистински Татко и

Создател?!

И

Исусовиот

пример

на

послушност, извршување на Татковата волја и

бескрајна љубов, а Отецот во Духот да зборува

низ тебе и да ги врши делата на љубовта. Би

можел уште да ви зборувам, но не сум сигурен

дека ќе можете да понесете. Исус и повторно

Исус. Во срцата Исус.

Го имаме стихот да се поучуваме еден со

и еден од друг. Римјаните 15:14. И да си ги

исповедаме гревовите. Во Тимотеј 4:2 се вели:

„...да ги исправуваш луѓето и да ги укоруваш за

нивните гревови...“

Апостол Павле вели дека е поставен да

го

брани

Евангелието.

Подучување,

исповедување, исправување, укорување едни

со други. Себе судете се првин, внатрешните

1 15

ни се вели во словото. Надворешните ќе ги

суди Исус. А тој не сака да слуша и ја напушта

заедницата! Исус им вели на апстолите:

„Да не сакате и вие да си заминете?“

А тие му одговараат:

„Ние немаме каде да одиме! Ти ни

зборуваш за живот вечен!“

Ние зборуваме за единство во Дух со

Исуса Христа. За едно тело. А ти ако си бил

едно тело, каде заминуваш!? Зарем раката си

оди од телото, или увото, окото или прстот?

Каде одат и заминуваат? Зошто има толку

различни цркви на земјата? Телесни заедници

безброј, а само една Исусова, духовна црква.

Ако напушташ Исусова заедница и одиш во

телесна црква нели го напушташ Исуса? Го

напушташ Духот? Дали не сакаш да се

промениш, да се оставиш стариот телесен ти и

да се промениш во ново руво Исусово. Да се

облечеш во Исуса. Да го соблечеме, старото, нашето, телесното, и да го облечеме духовното, новото Исусовото. Тоа подразбира промена во

1 16

себе си, во нас, да се осветиме, да учиме и да се

усовршиме во љубовта. Во Исус. Не во нас. А

ти не трпиш поука, не сакаш да слушаш

укорување, не сакаш да умреш во себе и да се

родиш во Исуса Христа! Не сакаш да се

промениш. Се лутиш и ја напушташ

заедницата.

Ако таа не е телесна и не е земна, ти ја

напушташ духовната Исусова заедница и се

враќаш во телесните заедници поделени од

паднатите ангели - демоните.

„Вашиот татко е ѓаволот!“ им вели Исус

на оние „кои го знаат словото“, избраните

Израелци кои го распнаа, не го познаа Исуса и

го избраа својот бараба, тоа што се велми

самите тие.

Ако не го слушаш словото, ако не си во

послушност, како и кога да научиш да

простуваш, да не осудуваш и да љубиш.

Послушност кон Духот на мудроста. Син Божји

е оној кој го води (учи) Духот Божји. А за да

разликуваш што е тело и Дух ти е потребен

1 17

Исусов учител во Духот. Кој не е поставен од

деноминации и луѓе и земни хиерархии.

Пишано е :

„Вие сте скапо платени! Не станувајте

робови на луѓе“. 1 Коринтјаните 7:23.

Освен ако велиш дека знеш и не си слеп, не си грешен, и гревот ти останува и ти се

движиш по широката, телесна улица на

земното и смртта. А Исус ти вели:

„Остави сѐ земно и врви по Мене!“

Покај се и покори се синко, додека си сѐ

уште во времето на милоста Исусова... Во

срцето Исус.

Протестантски

начин

на

молење.

Набројување, цитирање, редење, ритам и

инатонација

со

она

како

ритмичко

повторување: Господи! Господи!

Имаме список на желби, редење на

стихови, повторувања, потсетувања од телесен

ум, од грешен човек, кој слушнал за некој

Исус, но е далеку од Него. Му кажува, го

1 18

потсетува што напишал и ветил, тој Господ? Ти

му кажуваш од далеку. Наместо да паднеш

пред Него, да му ги измиеш стапалата со

солзи. Наместо вистински да се покориш и

понизиш пред Него и да му речеш:

„Прости ми Татко, погрешив пред Тебе и

пред небото! И Исусе дојди во моето срце и

помогни ми!“

Ете, тука е грешката, се вметнал

сатаната, твојата телесна гордост дека си

спасен еднаш засекогаш, дека го знаеш

Словото и Бог и дека си над другите. А тоа е

само во твојот ум (не во Исусовиот) во

двојазичноста и во трогибелниот јазик на

сатаната. Мудрост Сирахова 28:15-18. Евреите

имаа завет со Бог, ги „знаеја“ словата и го

распнаа Исус. Знаењето, себе-знаењето е

распнување на Исус. Тоа што треба да го

научиш и да го знаеш е да ги љубиш сите без

никакви оправдувања и ограничувања. Има

две молитви, пишани во словото:

1 19

„гордиот зналец кој вели, фала ти

Господе што сум спасен, го знам словото и не

сум како овој цариник“

и другата на цариникот на колена кој

вели:

„Не сум достоен Господе“ со главата

ничкум пред Отецот небесен и Исус. Тоа е

покорост и понизност кон Таткото на духовите.

Вистински да клекнеш, да паднеш пред Него, како детето пред својот Татко кое бара: прошка, милост, исцелување, заштита, и се

друго и Неговата волја во твојот живот. Не

твојата. Не цитирање. Рецитирање. Деклами-рање. Набројување стихови. Духовна-телесна

статистика. Порачка. Ти го потсетуваш Отецот

што напишал, преку Исуса, демек, а Он

заборавил, а ти го потсетуваш. Се молат од

далеку на некој таму далечен, страшен Бог, а

не доаѓаат пред Исус, пред Него, за да им даде

живот вечен. Ги проучуваат писмата, ги

„знаат“. Мислат дека ќе им дадат живот вечен, 1

20

а не доаѓате кај Мене за да ви дадам живот

вечен, ни вели Исус.

Ние зборуваме за роднинство, дете и

Татко, кај кого вистински, лице в лице, срце

кон срце доаѓаш да го помолиш, а Он е видлив

за нас во Исуса Христа. Дете и небесен Отец кој

е милост вечна, љубов која никогаш не

престанува и Он вечно не се лути, велми е

долготрпелив и долго-милостив.

А ти се молиш од далеку, му пишуваш

звучно писмо, наместо да дојдеш вистински

пред Него и да му ја отвориш вратата на твоето

срце и да се вратиш во Неговата љубовна

прегратка. Засекогаш Исус.

Исус плукна на земјата. Со кал и плунка

ги намачка очите на слепиот и го прати во

бањата Силуам, што значи пратен и слепиот

прогледа! Пишано е:

„оние што гледаат да станат слепи“.

Што мислат дека гледаат. А оние што не

гледаат да прогледаат. Ти од кои си синко

1 21

човечки? Дали си спремен да плукнеш на

земјата, на телесното и материјалното и да се

осветиш во Исус со послушност и служење.

Суштината е во припадноста. Чиј си? Кому му

припаѓаш? Кој е твојот сопственик? Ти или

Исус. Сатанскиот, телесен ти или Отецот на

сите, Отецот на духовите?! Ти само мислиш

дека си сопственик, а ништо не е твое, ти си

потстанар на туѓ имот. Тело од земја во кое е

вдахнат Дух животен од Таткото небесен. Ти си

создаден и создание, немаш ништо свое. Иако

мислиш дека си себе сопственик, не си и имаш

малку време, време за милост, за да му се

вратиш на својот Отец и Создател. Како дете

пред Таткото. Плукни на земјата, на

телесноста и замоли го Исус да ти се отворат

очите со водна бања во словото. И биди

пратен, пратеник, негов вистински преставник

на земјата. Пишано е:

„оние што се слепи да прогледаат. А

оние што мислат дека гледаат да станат

слепи.“ Кога мислиш дека гледаш и знаеш, а

1

22

слеп си и не знаеш, гревот ти останува. И

запамти, ништо не е твое! Ти си создание и

создаден си од Отецот небесен, ти си

подстанар во телото и го напушташ еден ден, телото кое се враќа во земја. Го напушташ

станот. На одмор си и ја напушташ собата, работното место, како кога одиш заминуваш

во пензија, минуваш низ огнено езеро за да се

видат намерите на твоето срце. Кучето ја

пушта коската со која го дразнел сатаната

сакајќи да му ја грабне, те напушта силата и се

враќа кај изворот, Таткото небесен, и ти одиш

на средба. На соочување, на суд. Ако си велел

дека гледаш, гревот ти останал. Си гледал, си

знаел, си се гордеел...наместо да признаеш

дека си слеп, да побараш помош од Исуса, да

плукнеш на земното, да се осветиш со водна

бања во словото, да бидеш Исусов пратен-ик

на земјата.

„Оние што гледаат да станат слепи“.

Пишано е во словото на животот. „А оние што

не гледаат, да прогледаат“. Ти од кои си синко

1

23

(ќерко) човечки? Гледаш самиот или бараш од

Исус да ти ги отвори, опули очите во духовната

сила на љубовта. Исусе напомош... во срцата

Исус.

Зошто сум овде? Зошто сум се родил на

земјата? Земјата, наречена долина на сенка

смртна! Зошто морам да се родам и да умрам?

Зошто сум болен, слаб и несреќен? Вечни

прашања! И Исус ти вели:

„Дојдете сите при мене обременети и

изморени и Јас ќе ве успокојам!“

Имате повик од Исус, да ве успокои. Ве

повикува Исцелителот, Докторот, Учителот, Синот Божји во кого пребива Семоќниот Отец.

Имате повик, покана која се однесува на сите.

А вие изберете дали сакате да дојдете пред

Него. „Мирот свој ви го давам!“ ни вели Исус.

„Но, не како што го дава светот.“

Привремен, лажен мир, Он зборува за траен

вечен мир во Него.

1

24

„Дојдете при Мене“, ни вели Исус. Но, како се доаѓа при Него, каде е Исус? Каде

треба да дојдеме? Ни се вели во словото дека

Исус живее во нас. Каде, па во срцето, ако сме

ги отвориле портите и тогаш Исус и Отецот

живеат во моето, во твоето, во нашите срца.

Потоа Исус ни вели:

„Дојдете кај Мене сите...“ Матеј 11:28 и

понатаму:

„изморени и обременети и Јас ќе ве

успокојам!“

Дали сте изморени и обременети од

светот? Дали ќе го земете Исусовиот јарем на

себе? Дали дозволуваме да се подучуваме од

Него? Матеј 11:29. Да нѐ учи и обликува, ако му

дозволиме со слободна волја да живее во

моето, твоето, во нашите срца. Јас ќе ве

успокојам, ни вели Исус. Го сакаме ли тоа? Да

бидеме смирени по срце и да ги успокоиме

душите. Матеј 11:29. И ни додава:

„јаремот Мој е благ и бремето Мое е

лесно!“

1

25

Он ни помага да го носиме и да

истраеме до крај за да бидеме спасени. Кој ќе

претрпи до крај? Трпение до крај и ќе биде

спасен. Крај на земјата во тело и живот во

вечната радост, љубов и спокој во Исуса.

Зошто сум на земјата? Зошто морам да

страдам, да се беспокојам и да умрам? Исусе

ме слушаш ли?(има пречки во врската?) Татко

мој небесен. Зошто сум: слаб, болен, несреќен

и немам доволно љубов за сите?

„Дојдете при Мене“, ни вели Исус.

Ви давам мир, љубов, спокој во

изобилие...

„на сите што го примија им даде сила, да

станат Синови Божји...“ Јован 1:12.

Исус успокојува, дава мир, дава сила и

љубов во изобилие. Ни дава пример и поука од

Него. Да бидам кроток и смирен по срце, ти и

јас, сите. Спокој, мир за душите. Со благ јарем

и лесно бреме, ако му дозволиш да се насели

во срцето. И го избираш со: сето срце, ум и

сила, да те води по тесната патека што води

1

26

кон животот. По патеката на вечната љубов. Во

секое срце, Исус.

Исус ни вели, преку Апостолот Павле

кога не слушаме:

„Крвта ваша на главите ваши!“ Дела

18:6. Пишано е дека плата за гревот е смрт. Се

работи за тоа кој ќе плати за нас? Кој ќе плати

за мене, за гревовите, за сета нељубов во мене, во нас? Дали избираш самиот да платиш за

непослушноста, за вавилонствата, за гордоста, за јадење од забранетото дрво на познанието

на доброто и злото, за гревот? Кој ќе ја победи

смртта? Ти не можеш самиот! Сетне за кратко

време ќе остареш, ќе ти мине времето за

милост на земјата и ќе разбереш дека: силата, царството и славата не се твои. Дури и животот

ти е даруван од Дух, дувнат во кал земна од

Отецот на Духовите. А ти што мислеше кој си?

Зошто си долу во јамата, во оваа долина на

сенка смртна? Да не си на годишен одмор, но

кој ќе плати, кој ќе ја плати сметката, цехот, 1 27

кој ќе те избави од смртта? Исус ја пролеа

својата крв за секого од нас, плати за мене, за

тебе, за секого од нас, нѐ откупи од канџите на

сатаната, нѐ ослободи од гревот и долговите, и

ни дава сила да станеме и да останеме во Него, Синови на воскресението, Синови Божји, сонаследници Божји, така нѐ нарекува во

живото слово, нашиот Татко небесен. Неговата

пролеана крв е плата за нас. И нашата за нас, ако сакаме сами да платиме. Крвта ваша на

главите ваши! Ни вели преку Апостолот

Павле. Се отплаќа четворно. Око за око, заб за

заб, сѐ што си им правел на другите, ќе ти се

прави тебе. Отплата, откуп, сѐ се плаќа: омразата, себељубието со исто такво насочено

кон

тебе,

паднат,

грешен,

непокорен,

непослушен... ни се вели во словото: покорете

се, понизете се кон Бога, приближете се кон

Него и Он ќе се приближи кон вас. Јаков4:8.

Приближување, понизност, покорност и

спротиставување на ѓаволот, а сатаната ќе

побегне од нас. Јаков 4:7. Ете си на крстот

1

28

ничкум пред Исуса. Искрено се покајуваш во

срцето. Крвта Негова е врз тебе, те мие, чисти, осветува, те отплатува, откупува од себе

стариот, грешен горд, самољубив, од сатаната

во тебе. Со крвта Исусова си откупен. Потоа

немаш повеќе: долгови, гревови и имаш една

заповед само да љубиш. Сѐ и секого. Исто како

Исус. Платено е за тебе со крвта на Отецот.

Скапо

сте

платени,

ни

вели

Исус.

1 Коринтјаните 7:23. Не станувајте робови на

луѓе. Чувајте ги телата и душите чисти.

Доктрини. Телесни правила. Синот Божји го

води Духот Божји, пишано е. И не си веќе во

сопственост на сатаната, на себе си, туку му

припаѓаш на Исуса Христа. Платен си со

Татковата крв. Тоа е наплата за гревот.

Другото е сам да платиш за себе. Крвта

ваша на главите ваши. Со својата крв да

платиш четворно и повеќе. Крвта ваша или

крвта Исусова на главите ваши? Кој плаќа за

мене? Јас со својата крв или Исус со Неговата?

1

29

Има разлика меѓу животот и смртта...

Засекогаш Исус.

Се вели во словото Исусово. Двајца или

тројца собрани во Негово име, не во нашето.

Собрани во Исус и тогаш Исус ни вели, тука

сум и Јас! Уште да се договориме, што е тоа во

Негово име? Во име на љубовта! Љуби го

ближниот како и самиот себе си. Да љубиш, да

простиш, да не осудуваш, да ја исполнуваш

волјата на нашиот Татко небесен, кој самиот е

љубов. Тоа значи да љубиш. Собрани да се

љубиме. Штом меѓу вас има завист, кавга и

неслога, сѐ уште сте телесни, ни вели Исус.

Кога се собираме во Негово име слегува силата

на Духот, имаме водна бања прочистување во

словото. Не заборавајте, Исус не се лутеше, не

осудуваше, ја исполнуваше волјата на Отецот, се даде себе си за браќата и ја испи горката

чаша, а ти дали се лутиш и не простуваш, кога

те подучуваат, „подучувајте се едни со други“, Филипјаните 15:14.

1

30

Си бил во молитвена војска и си ја

напуштил, си се молел до скоро со браќата и

сестрите, а сега не прашуваш ни како се? Дали

го напушташ Исус, нас, себе си, дали си бил

собран во Неговото име или во своето име? А

каде е тоа едно тело Христово, едномислие, заедништво и еден Дух со Него, кој на крајот

рече распнат на крстот:

„Прости им Оче!“.

Не осуди никого. А ти дали осудуваш и

не простуваш и долго се лутиш? Можеш ли да

кажеш:

„Прости им татко, не знаат, што

прават?“, кога те распнуваат. Ако ја напушташ

заедницата „собрани во Негово име“ дали го

напушташ Исус или себе си? Исус никого не

напушти и ти вели:

„Дојдете при мене сите уморни и

обеспокоени и Јас ќе ве успокојам!“...љубам, научам да простите и да ви биде простено.

Одиш од една заедница во друга и се носиш

себе си, својата телесност и грешност. Минале

1 31

20-30 години и ти си истиот, зборуваш, а не

извршуваш, цитираш, а не умееш, немаш сила

да простиш, сетне не умееш да љубиш?!

Другото е духовна статистика, стих, глава, ред

и царинење на постапките на другите. Меѓу

раската и гредата во твоето око и окото на

брата ти. Меѓу собрани во Негово име и

собрани во своето. Меѓу Духот и телото. А

телесниот човек не го разбира духовното.

Неговото име е љубов. Собрани во љубовта, Негова, Исусова, Амин. Во срцата наши, Исус.

Не барајте мнозина да бидете учители, оти поголемо осудување ќе добиете, пишано е

во словото Исусово. А сите сакаат да бидат

учители, пророци. Посебно кога ве води, фаќа

Духот на овој свет, да бидете Вавилонец, сатана, да бидете над другите, највисоко, да

јадете од дрвото на познанието на доброто и

злото. Тоа е гордост и амбиција, а Исус дојде

да служи и да биде последен. Последен од

сите? А вие што сакате? Да бидете први или

1

32

последни? Нели последните ќе бидат први, а

првите последни! Го земате словото на

Семоќниот Бог и го толкувате телесно со

човечки ум. Тоа е кражба, не пожелувај ништо

што е туѓо! Телесниот човек не го разбира

духовното. Словото е Дух и живот. И имаме

слово телесно кое убива. Без Дух сѐ е мртво: словото, ти, црквата, учењето, сѐ. Учењето без

дух е мртво. А сите сакаат да се учители.

Кога ќе застанам пред Божјото слово, пред Исус, ми затреперува душата, тоа се слова

на мојот Татко и силата небесна ќе се озвучува.

Живото слово, словото на животот и јас не сум

достоен ни врвките од обувките да му ги

одврзам и можам да бидам по неговата волја, сад за свечена или сад за секојдневна употреба.

Он е Учителот, Духот на Вистината, Он сѐ ќе ни

објасни, научи, ќе ни го даде во сила

Царството Божјо, Евангелието на љубовта, живот вечен во Исуса Христа. Еден е Учителот

и Судијата. Само Он учи во Духот и во силата.

1

33

„Царството Божјо не е во зборови, туку

во сила!“ 1 Коринтјаните 4:20

А ти ако си подучен од телесни учители

и ти си телесен и не си во духовната сила и

немаш живот во зборовите и си роден од жена

во тело и си телесен, а телесниот човек не го

разбира духовното?! Не го разбираш Светото

писмо, и тогаш се тоа зборови без сила и

живот и словото тогаш те убива тебе и оние

кои те слушаат, оти тоа е слово без Дух, тие се

телесни и немаат Дух, пишано е,

„Духот е тој што оживува, телото ништо

не помага!“ Јован 6:36

И ти тогаш си телесен учител, учен од

луѓето кои не се од Исуса и Духот Утешител, не

си од Духот на Отецот наш и поголемо

осудување ќе добиеш. Јаков 3:1

Го земаш словото на Отецот и го

озвучуваш во мртви зборови, не во сила, без

Духот. И тоа е мртво без Дух, го проучуваш

словото, мислиш дека во него има, ќе ти даде

живот вечен, а не си дошол кај Исуса, Отецот, 1

34

за вистина ви велам, да имаш живот вечен. Да

дојдеш кај Него. Блудниот, непокорен син кај

Отецот на љубовта. И да се покаеш. Да

побараш прошка од Него. Да се покориш и

понизиш. Да признаеш со сето срце и душа

дека си погрешил пред Него и пред небото.

Потоа вистински да го примиш Исуса во

своето срце. Да умре телесниот, да се роди

духовниот човек во тебе по образот на

небесниот. И ти да ја живееш Неговата волја

со поклон во Дух и Вистина. Исусе те љубам...

засекогаш Исус.

Ние сме ги сретнале стиховите:

„Верата твоја те спаси! И нека ти биде

според верата.“

Сме слушнале за вера колку синапово

зрно и планината која се фрла во морето.

Велми без вера не е можно да му се угоди на

Исуса. И сѐ е можно за оној кој верува...

колешка која е атеист, ми вели:

1 35

„...фасцинирана сум како имаш вера!“

Таа носи маска, се плаши од короната, се

плаши од смртта. Пишано е дека во љубовта

страв нема. Исус е љубовта. Во Него страв

нема. Ние ја бараме Исусовата вера. Има стих, за второто Христово пришествие, ќе најде ли

вера на земјата, при своето второ доаѓање

нашиот мил Исус.

Христијаните трчаат по доктори, носат

маски, се вакцинираат?! А Исус ни даде власт

над секоја болест и немоќ?! Матеј 10:1 Ни дава

власт и заповед, мртви да воскреснуваме, демони да изгонуваме, а ние немаме доволно

вера. Вера е проверка, провера дали Исус

вистина живее во твоето срце. Дали си во еден

Дух со Него? Нели пишано е:

„тој што е во мене, е поголем од оној што

е надвор од мене!?“

Кој е во тебе ако се плашиш, немаш

доволно вера, изневера, проневера... вера е

планината да ја фрлиш во морето со силата на

Исусовиот Дух Свети. Еве стихови: 1

36

„Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној Кој ме пратил!:“ Јован 12:44

Станува збор за Семоќниот Отец, Бог и

Создател. Вeрување во Исус е верување во

Таткото небесен. Не веруваш во Бог, ако не го

признаваш Исус, само мислиш дека веруваш, а

си во духот на овој паднат свет. Имаме

сведоштво во Светото писмо дека луѓе се

исцелуваат според верата. Еве стихови:

„Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив!“ 2 Тимотеј 4:7

Потоа Апостолот Павле зборува за венец

на праведноста, што ќе им го даде Отецот

Небесен на сите кои се радуваат на Исусовото

повторно доаѓање. Второ пришествие. Апостол

Павле, верува, верата ја запази, се борел добро

во еден Дух со Исуса. Му се предал на Исус во

владение и водство.

„Патот го завршив“..., вели Апостол

Павле. Секој нека се опита во себе, дали и јас

го вршам патот, ја одам, врвам тесната патека

на љубовта? Без вера човек ќе застане како

1 37

расипан автомобил. И бараш помош од Исус

да ти даде вера, да чекориш, да се бориш. Да го

доодиш до крај патот на земјава. 4:17

„Господ беше со мене и ме укрепи.“

Апостолот Павле. Ако Исус е со тебе и во

твоето срце, ти си Негова крепост. Укрепен си

во Него. И ќе те:

„избави од устата на лавот “ 4:17

И од секакво лошо дело ќе те избави и

ќе те доварди до Царството Божјо. И ќе имаш: вера, сила, љубов. Добро ќе се бориш против

сатаната во тебе и околу тебе. И Господ Исус

Христос, ќе биде со твојот дух и ќе бидеш

велми, Исусов благослов, жива вода, жив

камен во Исусовата заедница... И ќе бидеш

насекаде со Исус.

Да му дозволиш да те води, учи и

обликува. Да му дозволиш водство.

„Зборовите што ви ги кажувам од Себе

не ги зборувам, туку од Отецот, Кој е секогаш

1

38

во Мене, Тој ги врши делата“ Јован 14:9.

Зборовите и делата се од Отецот, од Духот, Исус е воден од Отецот кој е секогаш во Него. А

ти од кого си воден и во чие име зборуваш и

вршиш дела? Во 23 стих вели:

„ако го љубиме Исус, го пазиме словото

Негово и Отецот ќе нѐ возљуби и со Исуса ќе

направат сокровиште во нашето срце“.

Зборуваме за заедничко живеење во едно тело

и Дух.

„...Кој не ме љуби, не го запазува словото

Мое...“ Јован 14:24.

Треба да го запазиш Неговото слово, а

не твоето. Да го пазиш. Да го живееш. Да го

применуваш, да е живо, оживеано во Дух во

тебе. Оживеано во Исус кој ти е во срцето со

Таткото небесен.

„А словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој ме испрати!“ Јован

14:24. Дали живееш и си управуван, воден од

Исуса Христа или самиот си тераш по свое?

1

39

„Ако останете во Мене, и зборовите Мои

останат во вас, тогаш што и да посакате, барајте и ќе ви биде“ Јован 15:7.

Зборовите Негови да останат во нас.

Негови зборови. Он да зборува од нас и да ги

врши делата. Дали му го дозволуваш тоа, водство во твојот живот. Дали?

„...Зборовите што си ми ги дал им ги

предадов...“ вели Исус во Јован 17:7.

Он ги дава зборовите и во Исус и во нас, Негови се, на Отецот небесен.

Еве уште стихови:

„ Зборовите што ви ги кажувам, од себе

не ги зборувам; туку од Отецот Кој е секогаш

во Мене, Тој ги врши делата!“ Исус во Јован

14:9. Отецот е секогаш во Исус, во Дух. И во

нас нека биде така, Он да зборува и да ги врши

делата. Еве уште стихови:

„Зашто Јас сам од Себе не зборувам, но

Отецот Кој Ме прати, Тој ми даде заповед што

да кажам и што да зборувам.“ Исус во Јован

12:49.

1

40

Така би требало и ние да зборуваме и да

постапуваме. Потоа Исус ни вели:

„ Заповедта Негова е живот вечен.“ во

Јован 12:50. Извршувањето на заповедта на

љубовта. Еве уште стихови: „А она што го

зборувам Јас, го зборувам така, како што ми

рече Отецот.“ Јован 12:50.

Дали му дозволуваш на Духот Исусов, да

те води, учи и обликува? Дали зборуваш од

себе, со свои зборови или Отецот и Исус во Дух

зборуваат од тебе? Дали си Негова овца, послушна, која го слуша Исусовиот глас? Јован

10:27. Дали си Син Божји, воден од Духот

Божји? Или имаш свое мислење, чувства, волја

и си тераш по своето. Чие водство си, Негово

или свое? Кој зборува во тебе и ги врши

делата? Чии се зборовите? Дали ги разбирате

Исусовите зборови и сте послушни на поуките

Негови? Јован 8:43. Кој зборува низ мене?

Меѓу животот и смртта?! Исусе напомош.

Засекогаш Исус.

1 41

Мал чекор од тело кон Дух. Од нељубов

во љубов. Но, немаш сили да го исчекориш

самиот. Потребен ти е Исус, да го примиш во

срцето, да ти даде сила. Да одиш по вода, да

одиш по Дух и во Дух. Да се движиш духовно.

„Запази го добриот залог, преку Светиот Дух, Кој живее во нас„ 2 Тимотеј 1:14.

Исчекор од себе си кон Исуса. Од

телесен кон духовен човек. Од болен кон

здрав. Ако Исус навистина е во тебе, ти ќе

бидеш исцелен и здрав. Во Исус си жив, во

себе си мртов. Апостолите врвеа по Исус, со

Исус, а сепак се разбегаа, кога го фатија Исуса, војниците. Гледаа чуда, слушаа поуки, но се

разбегаа. Врвеа телесно и се разбегаа. Телесно

не си во единство со Исуса. Одиш телесно во

некоја земна црква, а тоа не те прави

христијанин. Врската со Исус е духовно

заедништво, духовно движење.

„Бог е Дух и оние што му се

поклонуваат, треба да се поклонуваат во Дух и

вистина!“ Јован 4:24.

1

42

Пред тоа има стих:

„вистинските поклоници ќе Му се

поклонуваат на Отецот во Дух и Вистина!“

Јован 4:23. Обрнете внимание на вистински

поклоници. Има и лажни поклоници, делумни

христијани, дали ги помните изразите: сатанска синагога и Евреи кои не се Евреи?

Еве стихови:

„Секој што прави грев, роб му е на

гревот!“ Јован 8:34.

Духот може да го исцели телото. И затоа

Исус ни вели да се родиме одново во Дух. По

втор пат.

„Вистина, вистина ти велам, ако некој не

се роди од вода и Дух, не може да влезе во

Царството Божјо!“ Јован 2:5.

И во Битие 2:7 се вели за родение во

Дух. „А, го создаде Бог, Господ човекот од прав

земен и му дувна во лицето дух животен и

човекот стана жива душа“.

Да се родиш одозгора. Јован 2:7.

1

43

„и роденото од тело, тело е, а роденото

од Дух, Дух е.“ Јован 2:6.

Се работи за мал чекор од телесен, паднат, грешен во Духовен, Исусов, љубовен.

Еве уште стихови:

„Го видов Духот да слегува од небото

како гулаб и остана над Него...“ Јован 1:32.

И еве уште стихови:

„Оној што ќе крштева со Дух Свети...“

Јован 1:33. Еве уште:

„Небо отворено и ангели Божји како се

искачуваат и слегуваат над Синот човечки...“

Јован 1:51.

И: „Божји зборови, оти Бог го дава

Духот неизмерно...“ Јован 3:34.

И: „Духот е тој што оживува, телото

ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав

се Дух и живот“ Јован 6:63.

И ти брате и пријателе, треба да

оживееш, да исчекориш во Дух. И Исус да те

научи како што се учи бебе телесно, да

проодиш во Духот. Од нељубов во љубов. Да му

1

44

го предадеш срцето. Да се христородиш во Дух.

Во еден Дух со Него.

Другото е Духот на овој свет, ти што

сакаш телесно. И велми тогаш ти си камилата

која не минува низ иглените уши. Ти си богат

со себе и во себе, а таков тешко влегува во

Царството небесно. Потребно ти е умирање и

откажување од себе си и родение, оживување

во духот Исусов, во љубовта која е вечна. За

навек Исус. Во срцата Исус.

Исус го фатија и сите се разбегаа.

Пишано е: „...ќе удрам по пастирот и овците ќе

се разбегаат!...“

Петар до три пати се откажа од Исус со

пеењето на петелот. Иако велеше:

„Господи, готов сум да одам со Тебе и во

затвор и во смрт!“ Лука 22:33.

„Ќе го удрам пастирот и ќе се разбегаат

овците!“ Марко 14:27.

Го фатија Исуса, го распнаа. Тие отидоа

да ловат риби, наместо луѓе. Исусе напомош.

1

45

„Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се

одречам од Тебе!“ Петар и сите други ученици, потврдија. Марко 14:31.

Го имаме стихот: „Бидете будни и

молете се, да не паднете во искушението, зашто Духот е бодар, но телото е слабо!“ Марко

14:38. Напуштање на Исус. Напуштање на

духовната заедница. Каде одиш? Од каде

излегуваш и каде влегуваш? Апостолите

избегаа и ловат риби. Исус ѝ се јавува на

Марија Магдалена, а таа им кажува на

апостолите. А тие не веруваат?! Марко 16:9-11.

Потоа Исус Христос им се јави во друг лик, на

двајца од нив, но и ним не им поверуваа.

Марко 16:12-13. Потоа им се покажа на сите 11

„рибари“ и ги укори за неверието и

тврдокорноста. Марко 16:14. Потоа им се јави, појави на 500 браќа. 1Коринтјаните 15:6. Па им

се јави и на Јаков и Апостолите и најсетне на

Павле. Тие го видоа, распнат, погребан, па

воскреснат. Го видоа и поверуваа. Затоа е

стихот:

1

46

„Блажени се оние кои не видоа, а

поверуваа!“

Дали ти го оставаш Исус и се откажуваш

од Него заради нешто? Нешто е: позиција, власт, работа, семејство, имот, пари, член на

семејство, похота...

Дали ја напушташ духовната заедница: менување, кастрење, поука, укори, освесту-вање, осветување... и се враќаш во некоја

телесна заедница: зграда, деноминација во

која не те тераат да се менуваш, да растеш, да

се христородиш и ти си живуркаш по старо.

Ново вино се ставаше во стари или во нови

мевови, синко човечки?

Апостолите, учениците се разбегаа!

Немаа сила. Немаа Дух. Иако одеа по Исус и со

Исус, телесно.

„...останете во градот Ерусалим, додека

не се облечете во сила одозгора!“ Лука 24:49.

Без облекување во сила, ти си гол, немаш сила, велми телото е слабо и немаш Дух

1 47

и ќе побегнеш, скршнеш, ќе се откажеш од

Исус како Неговите ученици.

Но, како да примам сила? Синко, моли, жеднеј, покори се, понизи се, покај се, признај

дека не знаеш, не можеш самиот, дај му сѐ што

имаш на Исуса и прифати ја Исусовата волја.

Побарај сила и водство од Него, од Исуса.

Ало Исусе овде е...

Или си се накркал, прејал од дрвото на

познанието на доброто и злото, во адамовиот

грев и умираш на рати, на тенане. Немој да

бидеш како оние...кои се разбегаа оти немаа

сила во Духот Исусов. Беа телесни без дух.

Петелот кукурика. Стани ти што

спиеш...воскресни од мртвите и Христос ќе те

осветли. Два пати, три пати. Време е за одлука.

Време да се родиш во Дух и во Исусовата

љубов. Засекогаш Исус во срцата ни.

Првите и последните. Матеј 19:30. Само

да се разбереме во Духот Исусов, што е тоа прв

1

48

и последен? Или во Духот на овој свет. Во

Матеј 20:27 се вели:

„... кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви

биде слуга...“

Да служиш, не да владееш. Да врвиш по

Него, не да седиш. Исус оздравува двамина

слепи (Матеј 20:34), духовно или телесно? Тие

се упорни, викаат со вера на цел глас:

„Исусе Сине Давидов, смилувај ни се?!“

И Исус ги исцели. Прогледаа и тие

тргнаа по Него. Тргнаа. Велми, тие што

гледаат да станат слепи, а тие што не гледаат

да прогледаат. Во 20-тиот и 21-стих, мајката на

Завеедевите синови бара со врски, да седнат

тие двајца до Него во Царството Божјо. Фаќа

врски. Затоа мнозина први се последни. Да

бидеш прв во светот, со Духот на овој свет е

едно, а да бидеш последен во Духот Исусов е

сосема друго. Сите го бараат своето, а не она на

Исуса Христа. Својата волја. Синовите да ѝ

бидат први. За Јован Крстител, Исус вели: дека

1

49

нема поголем од него роден од жена, но е

најмал во Царството Божјо.“

„Меѓу родените од жена, не се јавил

поголем од Јован Крстител, но најмалиот во

Царството Божјо, е поголем од него.“ Матеј

11:12

Голем и мал. Прв и последен. Слеп е

оној што гледа. Праведен и грешен.

Незнабожци и избрани. А Исус велеше:

„...не дојдов да ги повикам праведните, туку грешните на покајание.“ И само децата

влегуваат во царството небесно.

А тие се: мудри, праведни, гледаат и

гревот им останува, спасени еднаш засекогаш, на први места се во заедниците, се молат да ги

гледаат, го знаат словото, прават следбеници

на пеколот, натоваруваат бремиња на другите, сами не влегуваат, а на другите не им

дозволуваат да влезат кај Исуса Христа. Тоа се

мнозината први кои ќе бидат последни.

„...Мнозина се повикани, а малкумина се

избрани...“ Матеј 20:16

1

50

Некои мислат со врски се оди во

Царството Божјо, како мајката на Завеедевите

синови.

„Кој сака да биде поголем (во Дух), нека

ви биде слуга...“ - ни вели Исус. Матеј 20:26.

И: „... Кој сака меѓу вас да биде прв, нека

ви биде слуга...“

Слуга и работник во Божјото лозје.

И: „...Исус го даде животот свој за откуп

на многумина...“ Матеј 20.28.

Беше последен за сите нас. А, тие во

духот на овој свет (сатански) сакаат да: владеат, да се први, ним да им служат и да

бидат први во светот. Тоа се првите кои ќе

бидат последни. А, Исус дојде не за да му

служат, туку дојде да послужи и го даде

животот свој за откуп на многумина. Матеј

20:28.

Прави и ти така. Меѓу првите и

последните и биди еден од малкумината

избрани од мнозината повикани.

1 51

Со радост служам во Исуса Христа, Амин. Во срцето Исус.

Со очите да видат, со ушите да чујат, со

срцето да разберат, та да се покајат за да ги

исцелам. Така ни вели Отецот. Кој исцелува?

Што треба да направиш за да бидеш здрав?

Очи, уши и срце. Да видиш, да слушнеш, со

срцето да разбереш. Еве го стихот во Исаија

6:9-10 :

„...Оди и кажи му на тој народ: Со ушите

ќе чуете и нема да разберете и со очи ќе

гледате и нема да видите!? Зашто срцето на тој

народ е закоравено!...“

Срце закоравено. Еве уште еден стих:

„Не го сфатија чудото со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето...“, Марко

6:52. Исус ни зборува за Апостолите, учениците Негови. За нивните скаменети срца.

А пак Исаија за Израелците, избраниот народ

што преку Аврам и Мојсеј имаа завет со Отецот

1

52

Небесен, а сепак не го познаа и го распнаа

Исуса. И еве уште еден стих во Марко 7:6

„...Овој народ со уста ме почитува, но

срцето, срцето му е далеку од Мене...“

Срце далеку од Исус. Срце камено. Срце

закоравено и еве како продолжува во Исаија

6:10

„...Зашто срцето на тој народ е

закоравено, и со ушите тешко слушаат, ги

затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со ушите да не чујат и со срцето да разберат, та

да се обрнат (покајат) и да ги излекувам...“

Да се променат. Да се Христородат во

Дух и вистина. Со срцето да разберат. И да

бидат излекувани. Излекувани од што? Од

грев, нељубов, од старите себе. Да умреш

стариот телесен ти и да се родиш во Дух, во

Исус, во љубов.

Имаме закоравено, скаменето, тесно, тврдокорно срце, а тоа е срце кое не ја разбира

(со срцето да разберат) љубовта Исусова, која

1 53

никогаш не престанува. Следниот стих е

временска одредница:

„...До кога Господи...?“ Исаија 6:11.

И еве го одговорот:

„...Додека запустат градовите и останат

без жители, а куќите без луѓе, земјата сосема

не се запусти, додека Господ не ги оддалечи

луѓето и голема пустош на земјата да има...“

Исаија 6:12.

„...Блажени се чистите по срце, зашто

тие ќе го видат Бога...“ Матеј 5:8.

Исус ги знае намерите на срцето и од

нашите срца треба да излезе сета нељубов.

Марко 7:21-23.

Потоа исчистеното срце прима Дух

Исусов, ново вино во нови мевови и Исус, заедно со Отецот небесен во Дух, може да се

насели во мене, во тебе, во срцето ти, во срцата

ни, и да нѐ научи да ги љубиме сите и да нѐ

преплави живата вода на вечната љубов на

нашиот Татко небесен. Засекогаш Исус во

срцата наши, Амин.

1

54

Ние не го примивме, духот на овој свет, се вели во словото. Духот на овој паднат, грешен свет без љубов. Велми и вистина ви

велам, би требало да го примиме и да нѐ води

Духот на Отецот, Духот на љубовта, да нѐ

управува и води. Да нѐ поправа, усовршува и

осветува. Син Божји е оној кого го води Духот

Божји. Тоа е пишано. А тебе кој те води по

патот, по патеката на животот? По тесната

патека што води кон животот или по

широкиот пат што води во смртта? Кој дух те

води? Кого го слушаш, славиш и почитуваш?

Пишано е „дека кога Духот ќе дојде, Мене ќе

ме прослави“, ни порачува Исус! И ќе викаш:

„Ава Оче, Татко мој“,

наместо она општото Боже, Господе!

Кога славиш некого друг освен Исус и Отецот, ти си во духот на овој свет, наместо во Духот на

Исуса, Духот на вистината, Утешителот, Духот

на мудроста и љубовта. Исус ни вели:

„Кога ќе се соберете вие и Мојот Дух“, собрани сме во Неговото име, не во нашето и

1 55

му се поклонуваме во Дух и вистина“ -

така ни сведочи словото.

Кому му се поклонуваш ти? Кому му

служиш и го славиш? Духот на овој свет се луѓе

качени на високото (овде на гревовната земја, долина на сенка смртна), успешни, владетели

кралеви, политичари, водачи, заповедници, богати во материја, телесни без дух, мртви, а

сакаат да седат на први и почесни места, себе

си да се слават и ним да им се восхитуваат и

покоруваат?!

Духот на овој свет е себељубие, недоволно љубов ниту за блиските, а камоли

за другите, поинаквите од нас. А Духот Исусов, Духот Утешител е:

„... Дух на сила, љубов и самопрегорност

(себевладеење)...“ 2 Тимoтеј 1:7. А во еден

препев се вели разбраност.

Ние зборуваме за соединување со Исус, да бидеме еден Дух со Него. 1 Коринтјаните

6:17. Да бидеме едно тело и Дух со Исус и

Отецот. На друго место нѐ прашува дали да

1

56

дојде со стап или со кроток Дух? 1

Коринтјаните 4:21. А ние треба да бидеме храм

на Духот Божји. (Свет Дух кој нѐ осветува и

чисти.) 1 Коринтјаните 3:16. А телесниот човек, не го разбира духовното? Во духот на овој свет

е! 1 Коринтјаните 2:14.

Ете затоа ни е потребен, Духот на

Отецот наш за да нѐ води, учи и исцелува.

Пишано е дека:

„...ние не го примивме духот на овој

свет, туку Духот кој доаѓа од Отецот на

духовите“. 1 Коринтјаните 2:12.

Самиот Негов Дух нѐ прави живи души.

Битие 2:7. А сепак кој дух нѐ води е избор на

слободна волја. Затоа сме на земјата и имаме

Татко на небесата.

Духот на овој свет е она што сакаш ти, што мислиш и чувствуваш самиот и те води на

широкиот пат што води во пропаста!?

Духот на Отецот е љубов и те води до

бесмртната(вечната) љубов меѓу животот и

смртта, меѓу Исуса и сатаната?! Вистина ви

1 57

велам, разликувајте ги духовите?! Во срцата

наши Исус за навек.

Ако останете во Моето слово, вели Исус.

Ако останете. Вистина ви велам, навистина ќе

бидете Мои ученици. Обрнете внимание, навистина да му бидеме ученици, потоа ќе ја

спознаете вистината (Исус) и таа вистината ќе

ве ослободи. Од што? Од самите себе? Од

себељубие, себезнаење. Навистина Негови

ученици. Значи има и божемни, невистинити

ученици. Да останеш во Неговите слова?! Како

да останеме? Тоа е суштинско прашање, како

се останува во Него? Како да останеме во Исус?

Во Неговото слово. Јован 8:31. И како

навистина да бидеме Негови ученици? Што и

да се случува да останеш во љубовта. Не да нѐ

учат доктрини, канони, луѓе, телесни и земни

заедници! Да останеме во Исус. Да останеме во

љубовта. Да ги љубиш сите како и Исус. Што и

да се случува да останеш во љубовта. Исусова.

1

58

Така ги спознаваш Исус и вистината, пишано

е:

„Кој Ме љуби, тој ги држи(пази) Моите

заповеди!“. Заповеди на љубовта. Исус вели:

„...Бидете во Мене и Јас ќе бидам во

вас...!“ Јован 15:4.

Да останеш во Исус и во словото и Исус

ќе биде во тебе во твоето срце. Еве уште еден

стих:

„...Ако останете во Мене...“ Јован

15:7...„и зборовите Мои останат во вас...“

Да останеш во Исус и во зборовите

Негови...и понатаму:

„...тогаш што и да посакате, барајте и ќе

ви биде...“

Тоа се ветувања и понатаму:

„...Останете во Мојата љубов!...“ Јован

15:9.

Што и да посакаме, да бараме и ќе ни

биде!? Да останеме во Него, во љубовта, во

Неговото исцелително слово...

1

59

Ако

останете?!

Навистина

Негови

ученици?! А можно е да не останеме?

Остануваме во словото Исусово, кога ќе

надојде бурата, како учениците во кајчето кои

викаа:

„Помош?!“

Или имаме доверба во Него. Не се

плашиме. Остануваме во Неговиот мир и сила.

Да бидеме вистински Негови ученици.

Има и невистински, ученици. Учени од луѓе со

телесен ум. И да ја спознаеме вистината, Исус, љубовта и да се ослободиме од гревот, старата

падната природа, вистина ви велам љубовта

Исусова ослободува.

И тогаш ја извршуваме љубовта и ние

сме Негови пријатели. Јован 15:14.

И така ја бараме и примаме Неговата: сила, љубов, мир, плодност и волја во нашето

заедништво со Исус Христос и нашиот Татко

небесен. Амин. Во секого Исус.

1

60

Пишано е: Јас сум портата на

спасението - Исус. И дека треба да се влезе и

излезе низ неа. Низ Исус. Да влезеш во Исус и

да излезеш од светот. Исус вели остави сѐ

земно и врви по мене. Одврзи се. Продај сѐ

што имаш, раздај и врви. Ете си пред портата.

Те донел некој Павле, Тихо и ти покажува кон

неа. А ти стоиш. Треба да направиш само

неколку чекори и да влезеш низ неа, да се

провнеш, а ти брбориш, мрмориш, негодуваш

во пустината. Сакам назад во Египет кај

фараонот(сатаната) и 40 години си во

пустината и ќе го добиеш тоа што го зборуваш

и не сакаш да исчекориш кон Исус, кон

ветената земја. Не сакаш да се промениш, да се

родиш одново, одозгора во Исус.

Ние ги носиме со духот до Исус, до

портата, до спасението. А самите треба, со

своја волја да решат и да тргнат кон неа...Некој

останува каде што е, не се помрднува, блее во

пустината, мрмори, сака назад. Некој доаѓа

пред портата и се двоуми и врската со светот го

1 61

тегне назад: брат, мајка, дедо, земја, роднина, имот...некој ѕирка, исчекорил пола, влегол и

го влечат врските со овој свет, го влече

камилата назад низ иглени уши, мисли дека е

богат и не му се остава богатството, да остави

сѐ земно и да врви по мене. Матеј 19:24 А

МЕНЕ е Исус, отвори го срцето и барај го Исус

да се насели во тебе.

Некој како Петар зачекорува низ

портата, како по вода, и вика помош, помош, се сомнева не се препушта на Исус. Матеј 14:30

Земам двоостар меч и ги раскинувам

сите пранги кои сатаната ги фрлил врз мене, се одврзувам, пресекувам, расекувам...за да не

ме држи врзан на синџир во светот. За да не се

враќам во својата блујаница, во калта со

демоните и свињите.

Врските со светот те влечат назад во

земниот, телесен, сатански свет. И наместо во

ветената земја, гинеш во пустината, или се

враќаш кај сатано-фараонот, телесниот свет, синко човечки. А Исус ти вели: продај, раздај, 1

62

остави сѐ земно и врви по Мене. Повели низ

портата. Во спасението. Во мирот, силата и

љубовта.

Исус е портата на спасението. Он чука

на твоето срце за да вечераш со Него. Да

дојдеш кај Него. Во љубовта роден, во дух и да

се спасиш. Од себе стариот да се куртулиш. Да

влезеш и да излезеш. Да излезеш од светот, од

телесниот и да влезеш во духовниот, Исусовиот ти. И пасиште да најдеш. Земи меч

на духот и раскини ги сите сатански врски кои

те одвраќаат од Исусовата порта. Бегај од мене

сатано во името Исусово и не се враќај повеќе.

Амин. Засекогаш Исус во срцата наши.

Јас сум портата, вели Исус. Портата на

спасението низ која треба секој да помине и

пасиште да најде, да влезе и да излезе. Исус е

овчарот, а ние сме овците. Он е портата, Исус.

Нема друга врата кон Царството Божјо.

Зборуваме за пасиште на Духот, да раснеме, да

1

63

јадеме храна која Исус ја дава, за да можеме да

ја исполниме Неговата волја.

„Јас имам храна што вие не ја знаете“, ни вели Исус. Мојата храна е да ја исполнувам

волјата на Оној што ме прати. Дали си гладен, беден во Духот? Човек не се храни само од леб, туку од секој збор што излегува од устата на

Отецот. Не од телесни учители, не од луѓе. Од

устата Исусова.

Јас сум портата. Врата, премин од

смртта во животот. Од тело во Дух. Влез во

Царството Божјо и Исусовиот сотрудник треба

да те додведе до таа порта на спасението, до

Исус, а ти понатаму што ќе правиш, ќе ја

гледаш портата, Исус од далеку ќе го гледаш

или ќе исчекориш кон неа. Од себељубие кон

Исусовата љубов. Од себезнаење во секоја

мисла да му е покорна на Исус, од

себеправеден до Неговата правда.

Порта е влез и излез. Ќе влезе и ќе

излезе и пасиште ќе најде. Ќе најде мир, сила и

љубов. Од телесниот кон Духовниот човек. Да

1

64

се родиш во вода и Дух. Жива вода, капење, бања во словото и препуштање на водство во

Духот. Да се распламти твојот Дух во пламенот

на љубовта. Да се храниш од секој збор што

излегува од устата на Бога. Храна која ние не ја

знаеме, ни вели Исус, да ја исполнува волјата

на Оној што го пратил, Отецот на Духовите.

Исусов сотрудник те води до портата. До

Исус. Друга порта, врата на земјата нема, има

на крајот на милоста, прочистување низ оган, како златото, низ огнено езеро. Ако делата се

добри ќе поминеш, ако не ќе бидеш оштетен

за: ,,Духот Негов да чека суд“, пишано е.

Те носат пред портата, пред Исус, треба

да станеш и да исчекориш од пустината кон

портата. Да ја оставиш камилата, да плукнеш

на земјата, се земно да оставиш, да се оставиш

себе стариот и да се родиш во Исус.

,,Не беа по волјата Божја; Затоа загинаа

во пустината.“ 1 Коринтјаните 10:5

Пред портата си и пред Исус. Имаш

слободна волја да влезеш низ неа, или да се

1

65

вратиш во пустината. Друга порта нема во оваа

долина на сенка смртна, во времето за милост.

Исусе на помош! Насекаде Исус.

Кој не работи, не треба да јаде. Пишано

е. Исто така ќе сретнете традиционален

верник, ќе ви каже дека е :

„тежок празник“ и не се работи.

И

тие

имаат

временски

коти,

одредници, да ги потсетат дека таму има некој

Бог. Таму, далеку, упреку. Ние зборуваме за

телесна работа, работа за себе и Духовна

работа, работа за Царството Божјо. Кога

работиш за себе, те потсетуваат временски

одредници, празници да се сетиш дека

суштествува Бог, да се потсетиш за Него и еден

ден да не работиш за себе, да мислиш на Него, ако работиш за себе, еден ден да го оставиш

светот и да помислиш на Него.

Ние зборуваме за телесна и духовна

храна, ако ти работиш само за себе, нема да

јадеш духовна храна. Храната на Исус е да

1

66

работиш за Царството Божјо и да ја

извршуваш волјата на Оној што те прати.

Отецот Небесен. Ти си пратен и работиш за

Него. Работиш за Царството Божјо и тогаш за

тебе нема тешки и лесни празници, туку секој

ден живееш, работиш за Него.

Се вели:

„Човек не се храни само од леб“ и „да не

се грижиме за тоа што ќе јадеме или пиеме“

и дека човек се храни од секој збор што

излегува од устата на Исус. Не од нашата уста.

Дали јадеме или не јадеме не нѐ приближува

до Отецот и Исус, пишано е. Туку да ги

извршуваме заповедите собрани во едната

заповед:

„љуби го ближниот како себе си“.

Тие јадат леб и пијат вино, мислат

прават нешто, обред, надворешно обрезание, ние велиме за обрезание во срцето.

„Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и

1 67

која ќе ви ја даде Синот Човечки, зашто врз

Него ставил печат Бог Отецот“, Јован 6:27

Се зборува за духовна храна, за лебот на

животот, за живо слово за да се храни твојот

Дух. Кој не работи, не треба да јаде. И телесно

и духовно. Дали работиш за себе и светот или

за Царството Божјо е според телесната и

духовната храна. Дали сееш во телото или во

Духот? Дали сееш во животот или смртта?

И потоа, имаш ден за неработа, „тежок

празник“, да се сетиш на Исуса. Во духовниот

свет нема потреба од временски одреден

празник, за да правиш идолопоклонство на

денови, настани, светии, ти го славиш Исус

секој миг, дел си од Неговото духовно тело и

работиш за Царството Божјо кое нема крај. И

тогаш си: силен, одморен, здрав во Него и во

љубовта која никогаш не престанува. Кој не

работи за Царството Божјо нема да јаде

духовна храна која не се расипува. Засекогаш

Исус. Во секого Исус.

1

68

Ги повика своите 12 ученици и им даде

власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и

да лекуваат секаква болест, секаква немоќ, Матеј 10:1. Им даде власт. Ни дава власт на

сите кои сме Негови ученици. Кои ќе останат

во Неговите слова. Да го живееш, исполнуваш, извршуваш словото. Да е живо во тебе. Во

твоето срце да направат сокровиште Исус и

Отецот. Со Духот сум со вас. Со телото сум

отсутен. Потоа ги испрати и им заповеда. Ним

и на сите нас кои живееме во единство со Исус.

Да проповедаме и кажуваме дека се приближи

Царството Божјо. Дека е во нас внатре. И има

уште. Матеј 10:5-15 Исус ни заповедува: болни

лекувајте,

лепрозни

очистувајте,

мртви

воскреснувајте,

демони,

изгонувајте,

бесплатно, бесплатно добивте, бесплатно

давајте.

Дали сме добиле? Како се добива сила и

власт? На сите што го примија, на сите што

веруваа во Неговото име им даде (сила) моќ, да

станат чеда, Синови Божји. Каде и како се

1

69

прима Исус во срцето? Како да се облечеш во

Неговата сила? Јован 1:12. Облекување во сила

одозгора. Лука 24:49 Соединување со Него.

Препуштање, давање на власта врз нас, да ја

примиме власта. Мртви воскреснувајте! И

телесни и духовни. Болни лекувајте. Власт над

секаква болест. Секаква немоќ. И мирот Негов

го носиме. Но, на прво место е проповед и

сведочење за Царството Божјо. Ако не

проповедаме целиот процес е застанат. И ние

не одиме по Исус, не сме го зеле својот крст, седиме, не дејствуваме, а заповедта е да

јавуваме, сведочиме за Исус.

,,Тие, пак отидоа и проповедаа насекаде; и Господ им помагаше и им го поткрепуваше

словото нивно со чуда што се јавуваа! Амин“

Марко16:20

Најпрвин отидоа, тргнаа по Него и за

Него и Господ, Отецот во Дух им помагаше, им

го поткрепуваше словото Негово со чуда. Во

Марко 16:15 ја имаме истата заповед: 1

70

,,Одете во сиот свет и проповедајте го

Евангелието на секое создание“.

Создание и Создател. Кој ќе поверува

...што значи да веруваш-поверуваш-да му

предадеш сѐ Нему? Сѐ мое е Твое. Созданието

се враќа кај Создателот нашиот Отец Небесен.

И поверува и затоа зборува (евангелизира) и се

крсти (раскрсница меѓу тебе и Исус).

Да го фатиш патот, тесната патека што

води кон животот, да тргнеш по Него. И ќе

бидеш спасен во дејство, сведоштво за Него.

Има знаци на оние кои веруваат во Исусовото

име: ќе истеруваат демони, ќе говорат нови

јазици, ќе фаќаат змии во раце, ако испијат

отрови нема да им наштетат, на болни ќе

полагаат раце и тие ќе оздравуваат..., Марко

16:17-18

Исусе те љубиме за навек. Ни дава власт

во неговата власт и волја да бидеме негови

1 71

ученици, слуги, сотрудници, сонаследници, пријатели и Синови Божји. Амин. Во нас Исус.

Во зборовите има живот и смрт.Така ни

вели Исус. Што ќе изберете тоа ќе ви го дадам.

А ние што избираме во зборовите, во мислите, во срцето и во умот? На Израелците во

пустината им рече, тоа што го зборувате, тоа ќе

ви го дадам. А тие мрмореа, негодуваа, се

самосожалуваа, хулеа на Отецот, а Тој преку

Мојсеј ги изведе од ропство, поминаа преку

морето, им даваше мана да јадат од небото и

пак мрмореа и скоро сите изгинаа во

пустината. Тоа што го зборувавте, тоа ќе ви го

дадам. Им рече. Севишниот Отец. А ние што

зборуваме? Што мислиме, тоа го избираме и

ни се дава.

„По зборовите ќе бидете оправдани и

осудени.“ Матеј 12:37

1 72

„И за секој лош збор, што ќе го

изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот

ден.“ Матеј 12:36

За секој лош збор. Па дали како Исусов

сотрудник размислуваш за зборовите што

излегуваат од твоето срце? Зборовите се и меч

на Духот и пишано е дека Словото ќе ви суди

еден ден. Еве стихови:

,,И беше облечен во облека натопена во

крв и со името-Слово Божјо“. Откровение 19:13

Ние зборуваме за живо слово Исусово во

тебе или твое телесно слово, за кое се одговара.

Стихот:

„секоја мисла да е покорна на Исус

Христос“, не е туку така.

Се мисли и на зборот кој што го

озвучуваш. Еве стих што е од словото: 1 73

,,Сејачот го сее словото.“ Марко 4:14

Словото е семе кое што треба да фати плод во

нечие срце. Има друг стих:

,,Внимавајте на она што слушате,“.

Марко 4:24

Што слушате (послушност кому), кој

зборува, што зборува е одредница на живот и

смрт.

,,Она што излегува од човекот тоа го

осквернува човекот.“ Марко 7:20

Што излегува од твојата уста и срце?

Кои зборови, Исусови или твои? Тоа е

раскрсницата меѓу животот и смртта. Што

мислам, што зборувам, што живеам? Дали сум

во Исусово заедништво или сум самиот

автокефален, своеглав? Што влегува во устата

не те осквернува, туку тоа што излегува од неа.

Зборови покорни на Исус или твои, не

заборавајте дека:

1 74

„На почетокот беше словото и словото

беше во Бога, и Бог беше словото“. Јован 1:1

Словото е Негово. Кога ти го земаш и

употребуваш без Исус, тоа е слово кое те убива, оти само Духот оживотворува. Јован 7:63

Зборовите во Исус, во сотрудништво со

Него се Дух и живот. Јован 7:63 Петар

понатаму му вели:

,,Ти имаш зборови за живот вечен.“

Јован 7:68

Сатаната, телесниот ти го извртува

словото Исусово по сопствена волја. И тоа се

зборовите за кои ќе одговарате на судниот ден.

И словото стана тело и се всели во нас полно со

благодат и вистина. Јован1:14 Амин. Така

треба Исус да е вселен во твоето срце синко

човечки. Во срцето Исус.

Ние зборуваме за едно тело, во еден Дух

со Него. Духовно заедништво со Исус.

1 75

„Вие сте телото Христово, а пооделно

членови.“1 Коринтјаните 12:27

Исус ни дава мала група сотрудници да

се учиме на заедништво и единство. Да бидеме

заедно во Исус. Во неговата љубов.

„А кога страда еден дел, тогаш страдаат

сите делови.“ 1 Коринтјаните 12:26

Дали и ние имаме сомилост за

сотрудникот, дали го љубиме како себе си, дали навистина, не само на лице и на срце го

љубиме ближниот, како и самите себе си. Дали

одиме да плачеме со оние што плачат? Дали го

вадиме мечот на Духот и се молиме (духовно

се бориме) за себе и за целото тело? Кога

страда еден дел, страдаат сите, ако не се

грижиш за другиот ти си вон телото. И потоа

страдаш, умираш сам. Изваден дел од

човечкото тело брзо умира. Така е и во

духовниот закон.

1 76

„и кога се слави еден од деловите, тогаш

со

него

се

радуваат

сите

делови.“

1Коринтјаните 12:26

Радост во телото духовно, во Исус.

„Зашто преку еден Дух сме крстени сите

во едно тело.“ 1 Коринтјаните 12:13

Дадена ни е Исусова заедница да

научиме да бидеме еден Дух, едно тело со

Него, да научиме да се љубиме како и самите

себе, едни со други како делови на Исусовото

тело. Еве стихови:

„кажувајте си ја вистината секој на

својот ближен, бидејќи сме членови еден на

друг.“ Ефесјаните 4:25

Членови во духовно сотрудништво еден

со друг. Еве нова поука:

„еден спрема друг, бидете добри, сочувствителни, проштевајќи си еден на друг

1 77

како што и Бог, Отецот, ви прости во Христа.“

Ефесјаните 4:32

Еден со друг во простување, сомилост, сочувствие, љубов. Ете ја тесната духовна

патека што води кон животот. Еве уште една

поука-упатство:

„покорувајте му се еден на друг во страв

Божји“, Ефесјаните 5:21

Не заборавајте дека сме едно тело, делови еден на друг, а кога страда еден дел, страдаат сите. Еве стихови:

„Зашто никој никогаш не го намразил

телото свое, туку го храни(телесно и духовно) и

го стоплува(грее, гушка, прегрнува) како и

Господ, Отецот, црквата. Бидејќи ние сме

членови на Неговото тело - од Неговата плот и

коските Негови.“ Ефесјаните 5:29-31

Црквата не е зграда (ракотворен храм, Он не живее таму) туку сотрудништво и

1

78

зедништво во Дух и Вистина изградено во

срцата наши од љубовта која е вечна како

Отецот наш и никогаш не престанува...

Поуките

продолжуваат

во

некоја

наредна книга по волјата Исусова...

Засекогаш Исус. Во секого Исус.

Насекаде Исус. Во срцето Исус.

1 79

Image 3

Тихомир Стојановски

(биографија на авторот)

Кој сум јас, сотрудник

Божји,

молитвен-

духовен воин на Исуса

Христа…

…Тихомир Стојановски,

редовен професор на

ФДУ,

Скопје,

по

предметот „Сценски говор со техника на глас“.

Возобновувач на театарот „Скрб и утеха“, денес

Културен центар „Скрб и утеха тИХа“, во кој

покрај театарот „Скрб и утеха“ работат и

едицијата “Крвта Исусова“ и филмската

продукција „Свети Дух“. Автор на 30 книги од

областа на театарот, историјата, романи, драми, сценарија за филмови, слава му на

Бога. Автор на преку 1000 документарни

филмови, учесници на десетици светски

фестивали, слава му на Христа. Член на

1

80

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

Докторирал на тема: „Од обред до театар-процес на премин од религија, преку народна

култура со сценска уметност“…од Светски

Македонски Конгрес е прогласен за сенатор...

...на ФДУ воведе процес на играње на

пред-испитни претстави во: гимназии, домови

за деца без родители, воспитно-поправни

институции за малолетници, старски домови, училиште за деца со оштетен вид „Димитар

Влахов“, како и јавни часови и преставување

на испити по Сценски говор на телевизија...

...со сето срце, со сиот разум, со сета

душа му служи на Христа Исуса…и се дружи со

словата на Бога од Светото писмо, катаден...ги

озвучува Божјите слова од Светото писмо

насекаде каде го носи Бог...

1 81

Досегашни изданија:

01)ДРУМ ЗА МАКЕДОНИЈА – ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

02) ПО ТРАГИТЕ НА СЛАВНИТЕ МАКЕДОНЦИ

– АНГЕЛИНА МАРКУС

03)ВРЕМЕТО НА СКРБИЗМОТ – ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

04) НЕ ПОСТОЈАТ ТАЈНИ – ПИТЕР БРУК*

05)СИЛАТА НА СЦЕНСКАТА ГЛАСНОСТ

– ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

06) МАКЕДОНСКИ ДРЕВНИ ВРЕДНОСТИ

– АНГЕЛИНА МАРКУС

07)ДРАМИ - ДЕНОНОСИИ –ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

08) СОН ОД СТРАСТ – ЛИ СТРАЗБЕРГ *

09)СКРШЕНОТО КОПЈЕ НА ПСЕВДОНИМОТ

- ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

10) НА АКТЕРСТВО – ЛОРЕНС ОЛИВИЕ *

11) ГИМНАЗИУМ – ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

1

82

12) МЕСЕЧИНСКИ ВОЗБУДИ – СЕРАФИМ ГОЦЕВ*

13) СО РОГОВИ И КОПИТА – ИВАН Г.

СИНГАРТИЈСКИ*

14) ТОЧКА НА ПРЕСВРТ–ПИТЕР БРУК *

15) МАКЕДОНСКИ ДРЕВНИ ВРЕДНОСТИ 2

– АНГЕЛИНА МАРКУС

16) ПОЕМИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЦАРЕВИ

– АНГЕЛИНА МАРКУС

17) ПАТЕКА НА СВЕТИОТ ЗБОР - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

18) МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ - АНГЕЛИНА

МАРКУС

19) ФИЛИП ВТОРИ – МАКЕДОНЕЦОТ

- АНГЕЛИНА МАРКУС И РИСТО ПОПОВСКИ

20) ЛИЦЕТО НА БОГА - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

21) МАКЕДОНСКА ДРЕВНА МЕДИЦИНА - АНГЕЛИНА

МАРКУС

22) РАЗБУДЕТЕ СЕ АНГЕЛИ - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

23) ЖИВОТОТ НА ТЕАТАРОТ–ЏУЛИЈАН БЕК *

1

83

24) ЗАСЕКОГАШ ЉУБОВ - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

25) МАКЕДОНИЈАДА - ИВАН Г. СИНГАРТИЈСКИ *

26) ЛИНИЈА НА ДУШАТА- ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

27) ДРАМИ-ДЕНОНОСИИ 2 - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

28) ЕРИНИИ ПО МАКЕДОНЕЦОТ - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

29) ТЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

- ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

30) ЗЕМЈА НА ПЕПЛИШТА И ДИЈАМАНТИ

– ЕУЏЕНИО БАРБА *

31) ГУГУТОТ НА ГУГУТКИТЕ

- ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

32) СТРАНАТА НА СОЛЗИТЕ - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

33) КРШТЕВАЊЕ СО ЉУБОВТА - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

34) ОВОПЛОТЕН ЗБОР - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

35) ОД ОБРЕД ДО ТЕАТАР - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

1

84

36) ДОПРЕН ОД БОГА ИСУСА - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

37) ДРАМИ-ДЕНОНОСИИ 3 - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

38) ТАКА ВЕЛИ ГОСПОД - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

39) ЧЕКОРЕЊЕ СО БОГ - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

40) ТЕАТАРСКИ ИСТОЧНИК - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

41) ПРЕБИВАЊЕ ВО ЉУБОВТА - ТИХОМИР

СТОЈАНОВСКИ

42) ПОВЕСТ ЗА ЕДНА МАКЕДОНКА – СТОЈАН

ГЕОРГИЕВ *

43) ЗАСЕКОГАШ ИСУС - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

44) ПРИЈАТЕЛ БОЖЈИ - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

45) ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

46) ЖИВЕЕЊЕ ЉУБОВ - ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

(* - ПРЕВОДИ)

1

85

Издавач

ЕГА СКРБ И УТЕХА

Едиција

КРВТА ИСУСОВА

Уредник

ИГОР СТОЈАНОВСКИ

Наслов

ПОУКИ ВО ДУХ И ВИСТИНА

Автор

ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

Лектор

РОЗИТА ЗАКЕВА

Фотографии ТИХОМИР СТОЈАНОВСКИ

Печати

РИ-ГРАФИКА

Тираж

200

Културен Центар „СКРБ И УТЕХА – ТИХА“

ул.„Даме Груев“ 3 / 2 - 18 ,

1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА

Телефон: (++ 389 76) 488 359

Е-пошта: skrbiuteha@t.mk

Интернет врски:

https://www.youtube.com/channel/UCEG__UrlZqQ

ccExIfETeeJA

https://issuu.com/is1969mk

1

86

Image 4

1

87

You may also like...